Баерн ја испушти титулата од раце, а Тухел не знае што се случува во Минхен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот шампион Баерн Минхен беше поразен во 33. коло од Бундеслигата со 1-3 во дербито против Лајпциг пред домашните навивачи и почна да ја губи трката за титулата.

Баерн и понатаму е лидер со еден бод повеќе од Борусија Дормтунд, која денеска со победа може да го преземе лидерското место.

Гигантот од Минхен не се предава, но сè тргна кон пропаст по преземањето на тимот од тренерот Томас Тухел.

„Ова е заслужен пораз, мора да играте подобро ако сакате да победите. Имавме добар почеток, но потоа не знам што се случи. Во моментов немам објаснување како може да ни се случи вакво нешто“, вели Тухел.