Баерн Минхен дал дозвола за продажба на една од своите ѕвезди


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Телеграф“ пишува дека Баер Минхен се согласил да го продаде играчот со долг стаж во клубот, Давид Алаба.

Австрискиот интернационалец ќе остане без договор следното лето и засега се уште нема намера да го продолжи својот актуелен договор со клубот.

Токму затоа, од Баерн Минхен се согласиле да го продадат Алаба ова лето со цел да заработат пари затоа што играчот има доста голема вредност.

За него интерес има од Реал Мадрид, Манчестер Сити и ПСЖ кои се подготвени да платат 45 милиони фунти за да ги добијат неговите услуги.