Баерн Минхен го обнови интересот за играчот на Челси кој е фрустриран од однесувањето на Лампард


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен го обнови интересот за крилниот фудбалер на Челси, Калум Хадсон- Одои кој неодамна го продолжи договорот со „сините“.

Одои беше убеден од Лампард дека ќе добива поголема минутажа, но тоа не се случи, а со доаѓањето и на новите засилувања повеќе од јасно е дека и оваа сезона ќе има лимитирана минутажа.

Токму затоа тој ќе ја разгледа опцијата да се пресели во германскиот шампион кој повторно го посакува неговиот потпис.

Сега освен Баерн Минхен, за Калум Хадсон- Одои се интересираат и од Ред Бул ЛАјпциг и од Јувентус.