Баерн Минхен и официјално го реши прашањето кое им беше отворено цел овој период: Флик доби доверба

Од таборот на Баерн Минхен многу порано од предвиденото перманентно го решија прашањето за нов тренер на клубот.

Имено, актуелниот предводник на „баварците“, Ханси Флик ја доби довербата и официјално да биде назначен за тренер на тимот.

Флик кој првично беше поставен за краткорочна замена на Ковач, а потоа доби договор до крајот на сезоната, сега доби нов договор кој ќе го остави како главен тренер на Баерн Минхен до 2023 година.

Статистиката зад името на Флик е импресивна, тој победи на 18 од вкупно 21 натпревар на кој го водеше тимот на Баерн Минхен.