Баерн Минхен ќе го направи Нагелсман најскап тренер во историјата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германските медиуми пишуваат дека Јулијан Нагелсман ќе биде нов тренер на Баерн Минхен, откако наводно стратегот ги договорил условите со актуелниот првак.

Нагелсман со многу успех го предводеше тимот на Лајпциг во претходните сезони, па заслужи место во уште поголем тим, а во Баерн се очекува да го замени Ханси Флик, кој по мечот со Волфсбург кажа дека заминува на крајот на сезоната.

Нагелсман ќе потпише договор со плата од осум милиони евра годишно со баварскиот гигант, кој ќе мора да го откупи од Лајпциг за сума од 23 милиони евра.

Тоа ќе биде и нов рекорд со оглед на фактот дека најскапиот тренер досега беше Андре Вилаш-Боаш, кој пристигна во Челси од Порто во 2011 година за 15 милиони евра.