Баерн Минхен ќе остане без друга ѕвезда како што си замина Алаба?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен се раздели летово од Давид Алаба, кој по 13 години реши да го напушти бундеслигашот и да го засили Реал Мадрид.

Алаба и неговиот менаџер Пини Захави долго време преговараа за нов договор, а имаше шпекулации често за тоа колку пари се бараат за неговиот потпис.

Поради тоа што не се договорија, Алаба реши да си замине од Минхен, а сега по неговите стапки би можел да тргне и Леон Горецка.

Горецка и неговиот менаџер Јорг Нојбауер бараат плата од 20 милиони евра годишно, а Баерн сака да му даде само 10 милиони евра по сезона.

Доколку не се случи некој пресврт во следниот период, тогаш Горецка би можел догодина да си замине целосно бесплатно од тимот.