Баерн Минхен остана со празни раце – му пропаднаа три трансфери!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бундеслигашот Баерн Минхен беше на добар пат да договори неколку засилувања, но на крајот остана со празни раце.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Баерн остана и без Жоао Палиња, иако го договори за 65 милиони евра од Фулам.

Премиерлигашот се повлекол од преговорите и решил да го задржи Палиња, откако не успеал да пронајде замена за својот играч.

Баерн преговараше и за Тревор Чалоба и Амел Бела Кочап, но не постигна договор со Челси и Саутемптон.