Баерн Минхен се вклучи во трката за Зидан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот гигант Баерн Минхен е во потрага по нов тренер откако беше соопштено дека Томас Тухел заминува од клубот на крајот на сезоната.

Според шпекулациите од Германија, еден од кандидатите за кормилото на Баерн е францускиот стратег Зинедин Зидан.

Засега нема директен контакт меѓу двете страни, но се шпекулира дека и Зидан е расположен за да го преземе бундеслигашот.

Зидан претходно работеше со „кралевите“ со кои освои три титули во низа во Лигата на шампиони.