Баерн Минхен се засили со 22-годишен фудбалер од Гранада


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот гигант Баерн Минхен потпиша договор со 22-годишниот Брајан Сарагоса Мартинез кој доаѓа од Гранада.

Сарагоса требаше да се пресели во Минхен идната сезона, но Баерн реши да го забрза процесот со цел да ја пополни дупката во тимот по повредата на Кингсли Коман.

Договорот со Сарагоса е потпишан на пет сезони, а истиот ќе важи од 1 февруари 2024 година.

Баерн оваа сезона води битка против Баер Леверкузен за титулата во Бундеслигата, а во моментов има два бода помалку од ривалот.