Баерн Минхен со осум „парчиња“ во мрежата на Шалке 04 ја отвори сезоната во Бундеслигата (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата на Баерн Минхен славеше убедлива победа против Шалке 04 од 8:0 на почетокот на новата сезона во Бундеслигата.

Европскиот и германски шампион немаше нималку милост кон тимот на Шалке и со перфектна игра го прегази тимот од Гелзенкирхен.

Најрасположен на теренот беше Серж Гнабри кој реализираше хет-трик, а во листата на стрелците се запишаа и Горецка, Левандовски, Милер, Муисала а свој деби погодок имаше и Лерој Сане.

Поранешниот играч на Баерн Минхен забележа и две асистенции така што имаше впечатливо деби во новиот клуб.