Баерн Минхен троши богатство за уште еден фудбалер од Мадрид!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен во рекорден трансфер го ангажираше Лукас Ернандез од Атлетико Мадрид, кој ќе го облече дресот на Баварците на крајот на сезоната.

Одличниот дефанзивец стигна од Атлетико за 85 милиони евра, а Баерн би можел со шпанскиот тим да договори уште еден фудбалер.

Баварскиот гигант е заинтересиран и за 22-годишниот Родри. „Марка“ пишува дека тој е голема желба на Баерн, а германскиот шампион е подготвен да плати 70 милиони евра за неговиот потпис.

Меѓутоа, Баерн не е единствениот кој го посакува фудбалерот. Откупната клаузула се подготвени да ја платат и Манчестер јунајтед, Манчестер сити и ПСЖ.

Родри стана член на Атлетико минатото лето, а стигна од Вилјареал за 20 милиони евра и се покажа како вистинско засилување за екипата.

Родри сезонава настапи во 38 натпревари и постигна два гола, а одличните настапи не поминаа незабележано и сега европските гиганти го сакаат во нивни редови.