Баерн не крева на телефон, па Барселона испраќа понуди за Левандовски преку – пошта!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Раководството на Баерн Минхен не сака да го продаде Роберт Левандовски, па поради тоа ги прекинале сите контакти со каталонскиот гигант Барселона, кој покажа интерес за Полјакот.

Левандовски неколку пати кажа дека сака да замине од Минхен, а како негова дестинација се споменува Барселона, која веќе некое време се труди да потпише со напаѓачот, но Баерн ги кочи преговорите.

На Каталонците никој не им одговарал на телефонските повици од Минхен, па поради тоа Барселона решила да ги испрати понудите преку пошта.

Ваков потег досега не е забележан во европската елита, а Барселона очигледно нема намера да се откаже од идејата да го купи полскиот репрезентативец.