Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Скај Спорт“ објави дека Баерн Минхен испратил повредна понуда за Садио Мане и ги исполнил барањата на Ливерпул за трансфер на напаѓачот на Сенегал.
Баварците за услугите на Мане ќе платат 50 милиони евра, а договорот веќе е подготвен и се очекува потврда за успешните преговори.
Мане ќе го напушти Ливерпул по шест успешни сезони во кои освои голем број трофеи, меѓу кои и Лигата на шампиони (ЛШ) и Премиерлигата.
Сенегалецот има договор до следното лето со Ливерпул, но очигледно нема да го доработи затоа што Ливерпул ќе ја прифати понудата од 50 милиони евра за 30-годишниот Сенегалец.