Баерн новиот тренер ќе го претстави во јануари, а неговото име веќе се знае


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн веќе некое време е без тренер после одлуката на управата на тимот да му врачи отказ на Нико Ковач.

Ковач доби отказ по серијата лоши резултати, но се очекуваше од Баерн брзо да реагира кога се отвори прашањето за новиот тренер. Сепак, Баварците веќе неколку седмици се под водство на Ханс-Диетр Флик кој му беше помошник на Ковач.

Од клубот се обидоа веднаш да го доведат Ерик Тен Хаг од Ајакс, но тоа не им успеа. На крајот одлучија дека Флик ќе остане тренер на првиот тим до крајот на оваа година, а новиот тренер би требало да биде претставен на почетокот на 2020. година.

Баерн влезе во преговори со Арсен Венгер и Жозе Мурињо, но не успеаа да пронајдат заеднички јазик. Но, како што пишува германскиот Bild новиот тренер на Баерн сигурно ќе биде Маурицио Покетино.

Аргентинецот минатата седмица доби отказ од клупата на Тотенхем, и сега за сега е без ангажман. Bild пишува дека Хасан Салихамиџиќ во наредните денови ќе ги заврши официјалните разговори со Покетино, но многумина веруваат дека тој со сигурност е новиот тренер на Баерн.

Меѓутоа, за конечната одлука ќе мораме да бидеме трпеливи и да почекаме некое време.