Бакајоко не престанува да провоцира: На социјалните мрежи повторно удри по Ацерби…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тимо Бакајоко многу му замери на дефанзивецот на Лацио, Франческо Ацерби.

Бакајоко не сака така лесно да го пушти Ацерби на мира, а се почна неколку дена пред дуелот на Милан со Лацио.

Ацерби тогаш со некои коментари го понижуваше Милан, но откако „Росонерите“ синоќа дојдоа до победа, неговиот дрес се најде на прославата на играчите на Милан, во рацете на Кеси и Бакајоко.

Иако подоцна се извини бидејќи сфати дека сепак претерал, продолжи на инстаграм да го провоцира својот ривал. Го сликаше дресот на Ацерби и објави стори, а исто така уште една објава имаше во која ја стави фотографијата од дуелот со Ацерби.

Нема сомнеж дека тоа малку е и непопчитување на противникот, но повторно, треба да биде свесен колку е ова важна победа за Милан и колку Бкајоко бил погоден од зборовите на Ацерби пред самиот меч.