Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Договор е постигнат, сега се чека согласност на играчите, се покажа уште еднаш дека Динамо е далеку пред останатите клубови на просториите на бивша Југославија.
Звучи неверојатно, но медиумите во Италија добија потврда, делегација на Наполи патуваше во Загреб, склучи договор со Модрите, за Марко Пјаца и Марко Рог, Везувјаните ќе платат 35 милиони евра.
Двајцата имаат 21 година, двајцата се репрезентативци на Хрватска, сумата не е неверојатна како што се чини, ако фудбалерите прифатт, ова ќе биде зделка на летото во Серија А.
Истанува да се убедат да се преселат на југ на Италија, Рог е поблиску до синиот дрес од Пјаца кој сеопак гледа кон поголеми клубови.
Него го сакаат и тимови од Премиер лигата, но наводно и Милан и Јувентус, што е секако попримамливо од Наполи.
Како што пишува италијанскиот новинар Алфредо Педула, останува Наполи да најде заеднички јазик со хрватските фудбалери, како уште една опција се споменува и Анте Чориќ кој истотака сакаат да го доведат, но тој веројатно би бил дел од зделката ако Пјаца избере поголем клуб.
Сеедно, Здравко Мамиќ повторно „ја сврти играта“ што се вели и покажа на останатите клубови како се работи. Ваков трансфер за други е незамисливо, но за Динамо станува рутина.