Балотели ужива во Турција, ама нема ништо против да се врати во Италија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели во моментов го носи дресот на турскиот тим Адана Демирспор, но даде интервју за италијанските медиуми во кои кажа дека би сакал да се врати во Италија.

Балотели игра одлично во дресот на Адана, па на 27 натпревари постигна 12 голови и шест асистенции, што покажува дека е среќен во турската Суперлига.

„Прифатив многу предизвици во мојата кариера. Тука навивачите се верни и мило ми е што имаме поддршка. Среќен сум во Демирспор“, вели Балотели.

Новинарите ги интересираше и дали би се вратил во Италија, а неговата реакција потврди дека тоа е негова желба.

„Мојата насмевка ви кажува сè“, објасни Италијанецот.