Барди доби понуда од Лос Анџелес Галакси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Енис Барди би можел да се пресели во САД бидејќи добил понуда од Лос Анџелес Галакси од МЛС-лигата.

Еден од најдобрите американски клубови е заинтересиран за услугите на македонскиот фудбалер кој во моментов го носи дресот на Трабзонспор.

Трабзонспор не ја одбрани титулата во Турција, па поради тоа ќе прави ремонт на екипата, а Барди ќе биде еден од играчите кои ќе заминат.

Засега не е испратена официјална понуда за Барди, но американскиот тим тоа ќе го направи наскоро.