Барди е страшен од слободни удари, само Меси има повеќе голови од него! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Енис Барди постигна прекрасен гол за Леванте, и тоа од слободен удар во стилот на Роналдињо.

Барди го измами живиот ѕид, така што ја испрати топката под фудбалерите и голманот не можеше да интервира.

„Среќен сум што се вратив во тимот. За нас најважна е победата и пласманот во следната фаза, ќе биде важно да останеме што е можно подолго во натпреварувањето“, кажа Барди.

Барди, исто така, објасни што размислувал во ситуацијата при слободниот удар.

„Не размислував за тоа како да шутирам. Забележав слободен простор и го искористив. Голот го посветувам на моето семејство“, вели македонскиот фудбалер.

Барди има постигнато седум голови од слободни удари, па само Лионел Меси со 21 гол е пред него.