Барди наскоро доаѓа кај Димитриевски!?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Енис Барди веќе неколку дена се поврзува со различни екипи, откако Трабзонспор реши да го продаде по само шест месеци.

Интерес за услугите на Барди покажаа Торино, Мајорка, Ница, а сега во трката за потписот на македонскиот фудбалер се вклучи и Рајо Валјекано.

Клубот на голманот Столе Димитриевски ќе се натпреварува со останатите тимови кои се заинтересирани за Барди и ќе се обиде да го добие неговиот потпис.

Трабзонспор, наводно, е подготвен да го продаде Барди за 2,5 милиони евра и се надева дека ќе го направи тоа до крајот на зимскиот преоден рок.