Барди: Не се откажуваме од борбата за титула!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Трабзонспор славеше во големото турско дерби против Фенербахче со 2-0 и така се врати во игра за шампионската титула во Суперлигата.

Македонскиот фудбалер Енис Барди влезе од клупата за резерви и им помогна на колегите да го задржат водството.

„Среќни сме што го добивме мечот. На секој дуел одиме на победа, сакаме да бидеме на врвот. Знаеме дека битката за титулата е тешка, но ќе се бориме и не се откажуваме“, вели Барди.

Фенербахче во моментов е лидер со 27 бодови, Галатасарај има еден помалку, а Трабзонспор има 24 бода.