Барди со гол го однесе Коњаспор во финалето на Купот на Турција (ВИДЕО)


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Коњаспор се пласира во финалето на Купот на Турција, откако го победи Бешикташ со 1-0, а голот го постигна македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Македонскиот фудбалер го постигна победничкиот гол од пенал во судиското надополнување на вториот дел и го израдува Коњаспор.

Финалето во турскиот Куп се игра на 22 мај меѓу Коњаспор и победникот од мечот меѓу Генчербирлиги и Трабзонспор.