Барди со колегите од Трабзонспор замина за Копенхаген (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Енис Барди пред неколку дена потпиша за Трабзонспор, па сè уште го чека официјалното деби во новиот тим.

Турскиот гигант го соопшти списокот со фудбалери на кои ќе смета за мечот против Копенхаген во плејофот за пласман во групната фаза на Лигата на шампиони (ЛШ).

Тренерот на Трабзонспор избра 23 фудбалери, меѓу кои се најде и македонскиот фудбалер, кој претходно кажа дека се надева на место во ЛШ со неговиот тим.

Натпреварот меѓу Копенхаген и Трабзонспор се игра утревечер од 21 часот.