Барди зборуваше за животот во Трабзон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Енис Барди го засили турскиот шампион Трабзонспор минатото лето за три милиони евра.

Барди во моментов не може да се избори за место во првиот состав и шанса на теренот добива од клупата за резервни играчи.

Во изминатите недели се појавија шпекулации дека Барди најверојатно ќе замине во јануари, но засега нема конкретни понуди до Трабзонспор.

„Конкуренцијата е силна и јас се обидувам да напредувам и го користам секој момент кога сум на теренот. Се чувствувам добро. Се обидувам да бидам подобар. Се прилагодив веднаш во Трабзо, градот живее 24 часа за фудбалот. Не ми се веруваше во тоа, но се уверив кога дојдов“, вели Барди.