Барселона блиску до ангажман на Гризман


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанска „Марка“ пренесува дека Барселона е многу блиску до ангажман на Антоан Гризман.

Атлетико Мадрид веќе му го одзеде бројот седум кој му го додели на Жоао Феликс, па Гризман следниве денови треба и официјално да го комплетира трансферот на „Камп Ноу“.

Каталонците ќе ја активираат откупната клаузула од 107 милиони фунти, а францускиот репрезентативец со клубот ќе потпише петгодишен договор.