Барселона дозна колку пари треба да плати за да го добие потписот на Димитриевски


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонскиот гигант Барселона покажа интерес за македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски од Рајо Валјекано, меѓутоа за да го купи ќе мора да ја активира откупната клаузула од 50 милиони евра.

Шпанскиот новинар Раул Гранадо од „Онде Серо“ објави дека Рајо Валјекано сериозно смета на услугите на Димитриевски и нема намера да го продаде за сума помала од откупната клаузула.

Димитриевски има договор со Рајо до 2024 година и ќе остане во екипата дотогаш, освен ако некој претходно не реши да ја плати откупната клаузула и така да го украде неговиот потпис.

Во моментов Барселона нема доволно пари за да си дозволи трансфер од 50 милиони евра бидејќи до неодамна не можеа ниту да го регистрираат Феран Торес, кој го купија за 60 милиони евра од Манчестер сити.