Барселона го изгуби Нолито, па се насочи кон Хрват

Барселона не успеа да го доведе Нолито кој потпиша за Манчестер Сити.

Нолито одамна беше желба на каталонците, но шпанскиот репрезентативец на крајот го избра Гвардиола и Сити.

Бидејќи ја изгубија битката за Нолито, Барселона се насочи кон други опции, а наводно новиот пик е Иван Перишиќ.

Медиумите тврдат дека Перишиќ го воодушевил Луис Енрике и сите во Барселона на ЕП.

АС тврди дека Барселона ќе тргне со сите сили по фудбалерот на Интер чиј агент тврди дека има понуди од сите страни.