Барселона го контактирала Раиола: Каталонците сакаат да го изненадат Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холандскиот дефанзивец Матијас Де Лигт ова лето го напушти Ајакс и одлучи својата кариера да ја продолжи во Јувентус.

Де Лигт беше една од главните мети за овој летен преоден рок, а многумина веруваа дека ќе потпише за Барселона. Со месеци се пишуваше дека Де Лигт својата кариера ќе ја продолжи во Барселона и дека се договорил со Каталонците, но на крајот од тоа не излезе ништо.

Овој млад стопер на крајот одлучи да ја прифати понудата на Јуве и да потпише за првакот на Италија. Овој потег ги изненади сите, а најмногу управата на Барселона која ги обвини Де Лигт и неговиот агент Мино Раиола дека тоа го направиле поради пари.

Меѓутоа, италијанскиот медиум Calciomercato денес објави дека Барселона е одлучна и дека нема да се откаже од Де Лигт. Наводно, каталонскиот клуб веќе уште од Јануари ќе проба ад го доведе Холанѓанецот и веќе оствариле контакт со Раиола.

Овие вести ги изненадија многумина со оглед на тоа дека Де Лигт потпиша за Јуве пред неколку месеци. Меѓутоа, се шпекулира дека не е баш задоволен со ситуацијата во Јувентус и нормално медиумите на Апенините со нетрпение ги дочекаа овие вести за повторно да почнат да шпекулираат околу неговото заминување.