Барселона имаше среќа, Ц. Звезда ја чека пеколно осминафинале

Денеска беше одржана ждрепката за паровите во осминафиналето на Лига Европа, по што Барселона дозна дека ќе игра против турски Галатасарај, додека Црвена Звезда ќе се соочи против Глазгов Ренџерс.

И другите битки ќе бидат интересни затоа што ќе се соочат тимовите меѓу Аталанта и Баер Леверкузен, Порто и Лион, а возбудливо ќе биде и меѓу Севиља и Вест хем.

Во ждрепката има и еден руски тим, Спартак кој треба да игра против Лајпциг, но наместо на домашен терен, мечот ќе се игра на неутрален терен поради последните случувања меѓу Украина и Русија.