Барселона ќе го купи Димитриевски за шест милиони евра, а дел од „колачот“ ќе добие и Гимнастик


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона планира да го купи македонскиот голман Столе Димитриевски, кој е еден од најдобрите во шпанска Ла Лига сезонава.

Димитриевски, наводно, имал откупна клаузула од шест милиони евра во договорот, па Барселона мора да ја исплати, а дел од „колачот“ ќе добие и Гимнастик.

Македонскиот чувар на мрежата има договор со Рајо Валјекано до 2024 година, но најверојатно нема да остане во екипата затоа што каталонскиот тим е сериозен во својата намера да го агажира.

Рајо Валјекано соопшти дека засега не добила ниту една понуда за Димитриевски, но тоа не мора ништо да значи затоа што сите шпански медиуми шпекулираат за трансфер на македонскиот голман во Каталонија.