Барселона ќе го продаде Дембеле за дупло помалку пари отколку што го купи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од Барселона се подготвени да го продадат Осман Дембеле ова лето за сума која што е прифатлива за дел од заинтересираните клубови.

„Каталонците“ го купија Дембеле од редовите на Борусија Дортмунд за 105 мииони евра, а сега се подготвени да го продадат за „само“ 55 милиони евра.

Французинот беше донесен како замена за Нејмар кој тогаш замина во ПСЖ, но воопшто не ја оправда довербата и токму затоа сега ќе се најде на трансфер листа.

За младиот офанзивец постои интерес од Арсенал и Челси кои сакаат да го видат во своите редови.