Барселона ќе гостува кај Атлетик Билбао, а Атлетико Мадрид ѝ е домаќин на Севилја


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денешната ждрепка ги одреди четвртфиналните натпревари во шпанскиот Куп, при што Барселона дозна дека ќе гостува кај Атлетик Билбао, додека Атлетико Мадрид ја пречекува Севилја.

Откако го елиминира Реал Мадрид, Атлетико доби уште една тешка задача во Купот, додека среќа немаше ниту Барселона.

На останатите два четвртфинални меча ќе играат Селта – Реал Сосиедад и Мајорка – Жирона.