Барселона ќе му ги исплаќа долговите на Меси до 2025 година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта кажа дека екипата ќе мора до 2025 година да му ги исплати долговите на аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси.

Меси играше за каталонскиот гигант од 2000 до 2021 година, но поради тешката финансиска состојба во тимот мораше да се пресели во ПСЖ.

Аргентинецот на крајот на сезоната го напушти ПСЖ и се пресели во Интер Мајами, иако имаше понуда да се врати во Барселона.

„Го ослободивме буџетот и сакавме да потпишеме со Меси. Испративме понуда до Меси, но потоа татко му ни кажа дека Лео имал тешка година и сака да игра под помал притисок. Претходното раководство на Барселона му останало должно на Меси. Ние се грижиме за тоа. Долгот ќе го исплаќаме до 2025 година“, кажа Лапорта.