Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона по победата и поразот во првите две кола од Ла Лига стигна и до првото реми откако не успеа да ја победи Осасуна.
Каталонците на гостувањето во Памплона ремизираа со 2:2 против новиот член на Ла Лига.
Освен головите, натпреварот го обележа и подвигот на 16 годишниот напаѓач на Барселона, Ансу Фати кој стана најмладиот фудбалер во историјата на Барселона кој успеал да постигне погодок во Ла Лига.
Најпрво Осасуна стигна до водство преку Торес, Фати израмни на 1:1, а Барселона направи пресврт со голот на Артур. Сепак, конечниот резултат го постави Торес со неговиот втор погодок на натпреварот.