Барселона „крена раце“ од Де Јонг, но Чави избра одлична замена


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мундо Депортиво“ објави дека раководството на Барселона реши да дозволи продажба на Френки де Јонг, а негова следна дестинација треба да биде Манчестер јунајтед, додека трансферот ќе чини 75 милиони евра.

Чави сакаше да го задржи 25-годишниот фудбалер, но од управата му порачаа дека мора да го продадат затоа што имаат финансиски проблеми.

Барселона, сепак, пронајде замена за Де Јонг, а станува збор за играчот за врска на Манчестер сити, Бернардо Силва.

Португалецот е во Манчестер од 2017 година, а на „Итихад“ стана еден од најдобрите во светот, додека договор со „граѓаните“ има до 2025 година.