Барселона му нуди богатство на искусен фудбалер на Интер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Марсело Брозовиќ уште не се договори за продолжување на соработката со Интер, каде што игра од 2015 година, но очигледно нема уште долго да остане во Милано.

Брозовиќ ги поставил своите услови за нов договор, меѓутоа не добил повратен одговор и поради тоа Барселона ќе се обиде да ја искористи ситуацијата.

Каталонскиот гигант има намера да го ангажира во летниот преоден рок и поради тоа му подготви одлични услвои во договорот.

Барселона наводно сака да му даде плата од осум милиони евра на годишно ниво, а засега не е познато на колку години би потпишале соработка.

Брозовиќ за Интер досега одигра вкупно 271 натпревар и постигна 25 голови, а најголем успех му е освоената титула во Серија А минатата сезона.