Барселона налет на Манчестер јунајтед во Лига Европа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интересни натпревари ќе се играат и во Лигата на Европа, откако ждрепката во Нион ја одреди првата нокаут-фаза.

Победниците од првата фаза ќе се пласираат во осминафиналето на Лига Европа, каде што ќе им се приклучат победниците на групите.

Паровите во Лига Европа изгледаат вака:

Барселона – Манчестер јунајтед
Јувентус – Нант
Спортинг – Мидтјиланд
Шахтер – Рен
Ајакс – Унион Берлин
Баер Леверкузен – Монако
Севилја – ПСВ
Салцбург – Рома

Првите натпревари се играат на 16 февруари, а реваншите се седум дена подоцна.