Барселона не сакаше да се одложи Ел Класико и за тоа имаат многу добра причина


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Изминатиот викенд требаше да се одигра едно од најголемите светски дерби натпревари помеѓу Барселона и Реал Мадрид, но натпреварот беше откажан.

Барселона на 26. октомври требаше да го пречека кралскиот клуб, но Ла Лигата одлучи да го откаже натпреварот поради сигурносни причини. Имено, во Барселона сеуште траат протестите поради осудата на каталонските политичари и управата на Ла Лигата сметаше дека не е сигурно да се игра Ел Класико.

Одлучено е дека натпреварот помеѓу овие два лути ривали ќе се одигра на Камп Ноу, но на 18. декември во вечерен термин, а тоа го прифатија и двете страни. Но, шпанските медиуми пренесуваат дека во Барселона не биле многу расположени за да се откаже натпреварот.

Наводно, Ла Лигата тоа го направила пред да се консултира со управата на каталонскиот клуб, а на крајот на Барселона и останало само да го потпише договорот за согласност. Од Барса порачаа дека натпреварот може да се одигра иако 18. декември може да биде поризичен термин од 26. октомври.

Извршниот директор на Барселона, Оскар Грао смета дека 18. декември може да биде многу полош од 26. октомври кога се во прашање протестите во Каталонија. Се очекува тогаш да кулминираат протестите и тоа нема да биде добро за овагодинешното Ел Класико.

Доколку се случи тоа, натпреварот повторно ќе биде одложен а многумина сметаат дека тој би можел да се одигра без никаков проблем бидејќи ситуацијата не беше така лоша во саботата по улиците на Барселона.