Барселона објави фотографии од Пјаниќ, па напишаа: Се гледаме од другата страна


Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Вчера, Миралем Пјаниќ официјално потпиша договор со Барселона, на кој му доаѓа од Јувентус.

Каталонскиот клуб потврди дека Пјаниќ потпишал четиригодишен договор, додека Артур Мело замина во спротивна насока како дел од трансферот. Играчот од средниот ред ќе и се приклучи на Барса на крајот на сезоната и се очекува да биде големо засилување.

Пјаниќ го носеше дресот на Јувентус со многу успех во претходните четири години, но јасно е дека одењето во Барселона ќе биде дополнителен чекор напред за него. Тој исто така ќе биде еден од ретките кој може да се пофали дека игра во тим со Кристијано Роналдо и Лионел Меси во кариерата.

Утрово Барселона на Фејсбук страницата објави десетина фотографии од Пјаниќ од претходните дуели што ги имаше против каталонскиот клуб играјќи за Рома и Јувентус.

Тие јасно ставија до знаење дека сега е време да се обиде на „другата страна“, односно да игра во дресот на Барселона.