Барселона објави соопштение откако навивачите го нападнаа Куман


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона уште еднаш ги разочара своите навивачи затоа што беа поразени на домашен терен со 1-2 од Реал Мадрид.

Големото дерби му припадна на ривалот, а ова е веќе трет пораз за Роналд Куман во дуелите проитв Реал Мадрид.

Холанѓанецот доби жестоки критики по поразот, а навиваччите од него бараат да ја напушти Барселона, па дури по дербито го нападнаа неговиот автомобил.

По нападот од страна на нервозните навивачи на Барселона, се јави и екипата со соопштение и порача дека фановите не смеат така да се однесуваат, а исто така ќе преземат безбедносни и дисциплински мерки за да не се случи такво нешто повторно.

„Барселона јавно го осудува насилството кое нашиот тренер го доживеа кога го напушташе стадионот. Клубот ќе ги преземе потребните мерки за да не се повторат немилите настани“, соопштија од Барселона.