Барселона остана без засилување зашто задоцни 18 секунди


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Светската фудбалска федерација (ФИФА) го одби барањето на Барселона по пропаднатиот трансфер на Хулијан Араухо од Лос Анџелес Галакси.

Раководството на каталонскиот гигант го договори трансферот на Араухо кој требаше да пристигне во Барселона како замена за Ектор Белјерин, меѓутоа трансферот пропаднал за 18 секунди.

Барселона задоцнила 18 секунди за да ја достави целосната документација за трансферот на Араухо во ФИФА, по што каталонскиот тим се жалеше на одлуката, но повторно доби негативен одговор.