Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После доаѓањето на Лукас Диње, на Барселона остана само уште една зделка во преодниот рок.
Каталонските медиуми веруваат дека Барса нема да премногу да биде активна во преодниот рок, го доведоа Умтити, го вратија Денис Суарез, а вчера и Лукас Диње стигна како алтернатива за Алба за лев бек.
Изгледа дека од доведување на замена за Дани Алвеш нема ништо, Видал ќе добие шанса кај десната аут линија, а Блауграната планира само едно засилување, во офанзивната линија.
Во овој момент, списокот е сведен на три имиња, старата желба Гамеиро, Лукас Перез од Ла Коруња и Аргентинецот Вието кој изгледа е најблиску до Ноу Камп.
Ситуацијата е јасна, Атлетико Мадрид ќе купи нов шпиц, можеби баш Гамеиро, што на Барселона ќе ја отвори вратата да го ангажира Вието кој не се наигра меѓу Јорганџиите по доаѓањето од Виљареал.
Го сака и Јувентус, но е јасно, тој попрво ќе оди во Барселона, иако тешко ќе биде повеќе од резерва на триото МСН.
Тој е средна опција, ќе чини околу 25 милиони евра, додека Гамеиро е поскап, околу 35 (има клаузула од 40 милиони). Лукас Перез од Ла Коруња кој одигра одлична сезона е најевтин, тимот од Галиција бара околу 15 милиони за својот најдобар играч.
Барса одлуката моја да ја донесе брзо, практично до почетокот на следната недела со цел споменатиот играч Луис Енрике да го има на располагање пред Суперкупот во кој дуел нема да игра Нејмар.
Имено, Бразилецот ќе биде член на репрезентацијата на својата земја на игрите во Рио, поради тоа ќе ја пропушти Копа Америка.