Барселона пазарува во Минхен: Одличен фудбалер пристигнува на „Камп Ноу“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Покрај тоа што се обидува на сите можни начини да го врати Нејмар во свои редови, Барселона е во потрага по бек и стопер.

На „Камп Ноу“ веќе долго време го следат Давид Алаба од Баерн Минхен, кој неодамна одби да ја продолжи соработката со германскиот гигант, иако актуелниот договор му завршува за две години.

Репрезентативецот на Австрија не сакаше да потпише договор, зашто не му е загарантирана голема минутажа, па тој во моментов вреди 55 милиони евра и наводно Каталонците сакаат да тргнат по неговите услуги.

Барселона и претходно го сакаше Алаба, но не успеаа да го ангажираат, зашто тој не беше на трансфер-листата, но сега е поинаква ситуацијата.