Барселона планира брутална одмазда за Дембеле


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот репрезентативец Осман Дембеле сè уште не донел одлука каде ќе игра следната сезона, а со Барселона има договор до крајот на јуни.

Се очекуваше Дембеле да го реши прашањето за неговата иднина до завршување на договорот, но тоа не се случи, а најголема причина се неверојатните услови кои ги постави неговиот агент Муса Сисоко.

Клубовите кои покажаа интерес за Дембеле се повлекоа од преговорите поради огромните бонуси кои ги бара Сисоко.

Каталонски „Спорт“ објави дека Дембеле во моментов ја има само понудата на Барселона, која го губи трпението затоа што Французинот воопшто не одговорил на последниот предлог.

Поради тоа раководството на Барселона размислува да ја повлече понудата и така да го остави Дембеле во неизвесност за неговата иднина.