Барселона пополека го склопува тимот: Одличниот играч за врска се договори и наскоро потпишува


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И додека аферата со Лео Меси не стивнува, Барселона пополека го склопува тимот за наредната сезона.

Шпанските медиуми јавуваат дека Каталонците се многу блиску до доведување на одличниот играч за врска на Валенсија Андре Гомеш.

Португалскиот играч за врска импресионира многу гиганти, но се чини дека Барса беше најконкретна.

Како што водечките шпански медиуми тврдат, португалскиот репрезентативец по завршувањето на ЕП ќе потпише за Барселона, но сеуште не е познат точниот износ кој ќе припадне на Слепите Лилјаци.

Се шпекулира дека се работи за околу 40 милиони евра.