Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинците пишуваат дека Барселона сериозно е заинтересирана за Лаутаро Мартинез, кој го воодушеви светот со неговите настапи на Копа Америка и наводно Каталонците сакаат да го видат покрај неговиот сонародник Лионел Меси.
Тој е најдобар стрелец во ерата на Лионел Скалони и имет пет гола во само девет сениорски настапи за својата репрезентација.
Според „Радио Ла Ред“, Барселона реши да понуди 112 милиони евра за Мартинез, а така Интер би можел да добие огромна заработка бидејќи тие го купија Аргентинецот пред една година за само 14 милиони евра.
Тоа би им овозможило на „нераѕурите“ без проблеми да ги купат и Ромелу Лукаку од Манчестер јунајтед и Един Џеко од Рома, кои се посебни барања на тренерот Антонио Конте.