Барселона претстави ново засилување и му постави неверојатна откупна клаузула

Од Барселона денеска објавија дека постигнале договор со играчот од одбраната Мајк ван Беијен кој во клубот пристигнува како слободен агент.

Станува збор за играч кој игра на десната бековска позиција и на кој последен клуб му беше НАЦ Бреда, а претходно во кариерата настапуваше и за ПСВ Ајндховен и за Вилем 2.

Ван Беијен потпиша двегодишен договор со Барселона и во истиот е вклучена неверојатна откупна клаузула од 100 милиони евра.

Фудбалерот следната сезона ќе ја игра во вториот тим на „каталонците“, Барселона Б и ќе чека шанса за настап во првиот тим во некој од куп натпреварите.