Барселона прими пет гола од Вилјареал, па Чави најави – оставка!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот шампион Барселона доживеа нов пораз во Ла Лига, откако денеска загуби на домашен терен со 3-5 од Вилјареал, а тренерот Чави Ернандез најави оставка.

Чави на прес-конференцијата кажа дека ќе го напушти кормилото на Барселона на крајот на јуни.

„Ќе заминам од Барселона на 30 јуни. Оваа одлука ја донесов пред неколку дена, но сега сакам да ја соопштам јавно. На клубот му е потребна промена. Со оваа одлука, играчите ќе можат да бидат помирни до крајот на сезоната. Се надевам дека ова ќе ја намали тензијата во клубот“, кажа Чави.