Барселона се брани: Ова е напад на каталонската институција!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонскиот гигант Барселона реагира со соопштение по одлуката на раководството на Севилја да не присуствуваат на мечот меѓу тимовите.

Причина за потегот на гостите е случајот „Негреира“, во кој Барселона е осомничена за давање поткуп на судии во изминатите две децении.

Истрагата е во тек, а Севилја не сакаше да биде на натпреварот со раководството на Барселона и за тоа ја информира јавноста.

„Барселона сака јавно да каже дека го отфрла неоправданиот и непримерен напад на Севилја. Клубот кој денеска одби да седне на ручек на директорите пред натпреварот“, велат од каталонската екипа.