Барселона се договори со Нејмар по четири години!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нејмар пред четири години го шокираше фудбалскиот свет кога од Барселона се пресели во ПСЖ за сума од 222 милиони евра, откако претходно потпиша договор со Каталонците.

Неодамна беше откриено дека Нејмар навистина бил на чекор до враќање во Барселона, а трансферот пропаднал затоа што Каталонците не сакале да платат 20 милиони евра повеќе.

Сепак, факт е дека Барселона и Нејмар не се разделиле на најдобар начин бидејќи клубот не може да му прости на Бразилецот што си замина на таков начин.

Страстите дополнително се разгореа кога Нејмар реши да ја тужи Барселона поради неисплатен бонус во висина од 26 милиони евра.

Спорот на шпанскиот Суд траеше неколку години, а сега конечно бил постигнат договор меѓу двете страни.